Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 113 | година  | мај-јуни, 2017



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 113мај-јуни, 2017
Проза

ИСТИСНУВАЊЕ

Превод од српски: Ѓоко Здравески


/5
стр. 1
Иван Антиќ

_______________________________________________________________________

ИСТИСНУВАЊЕ

Дури од оваа дистанција можам да увидам дека Павле на многу доследен начин беше посветен на еден сосем определен вид обесмислување на другите животи, животите на другите in toto, како секогаш, притоа, да доживуваше некое митско напојување, што повремено заземаше форми што ме наведуваа (уште тогаш) сето тоа да почнам – интимно – да го нарекувам намигнување на ѓаволот. Оти не знам што друго (освен чувството дека со тоа му намигнува на ѓаволот) би можело да го наведе да ѝ предложи на Валерија толку несекојдневен вид пријателска помош, што, кога за сето тоа – доста доцна, за жал – дознав, ме: за-пре-пас-ти. Приказната, имено, почнува со тоа што Валерија, по извесно време, посака да го запознаам Павле. Дотогаш само знаев дека постои некој нејзин Пријател Павле, кој ѝ излегол во пресрет кога ѝ било најтешко, меѓутоа, уште во текот на првата средба со него, многу работи не ми се допаднаа. Пред сѐ, неговата фалбаџиска подготвеност секогаш да постапува така што ќе го шокира другиот. Имаше некоја чудна потреба да ги наведува луѓето да сетат точно каде им се границите, и дека битисувањето внатре во тие граници – кои споменатите, секако, не можат да ги надминат, или барем не без негова помош – ги прави помалку вредни битија. Човек не мораше да мине многу време покрај него за да ја согледа оваа  негова особина. Исто така, човек не мораше да поседува нешто посебно истенчен осет па да согледа дека Павловото насладување од шокирањето на другите се исцрпува во шокирањето на опсегот на неговата ирационалност – една колосална ирационалност, без конкуренција, монструозна ирационалност. Како единствениот принцип да е да се биде ирационален, и тоа токму на оние места каде што секој друг, дури и најирационалниот човек, доколку себеси, макар и во минимална мера – си мисли добро (а сѐ е во тоа) – би се однесувал на определен, востановен начин. Баш тогаш: да се дисторзира ситуацијата, да се прави спротивно од најекстремното нешто што може да се замисли.
     Валерија навистина била во голема депресија пред да го запознае Павле, тоа го знаев, дури на граница на самоубиство. Знаев и за мртвата зајачица, и за другите работи, макар што начинот на кој Павле сето тоа го доведуваше во причинско-последична врска со проблемот на Валерија создаваше ретки примероци на филигранска перверзија. Ама најлошото допрва ќе го дознаам. Јас, инаку, учествував во по нешто од тоа што го приредуваа во својот стан Павле и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+