Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 113 | година  | мај-јуни, 2017



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 113мај-јуни, 2017
Галерија Осврти

Обраќање на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово, 2004 година

/2
стр. 1
Владимир Георгиевски

_______________________________________________________________________

Обраќање на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово, 2004 година

Сакам многу кратко да проговорам за односот меѓу поезијата и сликарството, поконкретно за односот меѓо поезијата на нашиот истакнат македонски писател, Михаил Ренџов и  и она што јас се трудам да го создадам.
    Секогаш кога размислувам за поезијата во сите нејзини форми и значења, знам длабоко во себе дека таа е уметност, стара и нова, колку што е старо и ново човештвото. Таа чудесна игра со зборови ги изразува чувствата. Или, поинаку речено, постојано е во потрага по внатрешниот човек. За поезијата не постојат пишани закони и правила. Нејзината мистериозност може рамноправно да се мери со онаа на музиката, сликарството, литературата во целина, скулптурата и архитектурата. Сликарската уметност во себе ја содржи поезијата и тоа во сите фундаментални, онтолошки, елементи на својата структура. Тоа значи, во композицијата, бојата, цртежот, просторот и во звукот на хроматскиот знак. И сликарството е игра – чудесна игра, но како и поезијата тоа ги признава само законите на битието творечко и на неговиот најголем идеал: слободата во изразот. Еден, единствен и неповторлив. Како и поезијата, и сликарството е во потрага по оној внатрешниот човек што живее во сите нас без исклучок. Така, поезијата и сликарската уметност ја пресоздаваат природата низ игра што е силно и мошне сериозно озаконета од личноста на творецот. За создавање песна е потребно пред сѐ дарба и искреност, а не некоја академска ученост. – запишал во една прилика Борхес. Тоа истото, важи и за сликата. Ако во песната и сликата нема дарба и искреност, тогаш нема ниту песна, ниту слика. Поезијата е вистинска вера и магија. Пишувањето на една песна е религиозен и магиски чин во кој учествуваат духот и фантазијата на читателот и на нејзиниот творец. И сликата е на потполно исто рамниште. Таа не е на платното, туку во оној чудесен меѓупростор што го создава творецот, а го одредува гледачот и неговиот дух. Поезијата не може да се избере и не може да биде професија. Ниту сликарството може да биде професија и избор.
    Тоа се темелните врски меѓу живата лирска експресија во поезијата на современиот македонски поет Михаил Ренџов и сликарството што јас го создавам. Благодарејќи на тие идејно-естетски определби и значења, некои мои слики излегоа од поезијата на Ренџов и некои негови песни излегоа од моите слики. За жал, времево што го живееме и потполно урнатиот систем на вековните човекови вредности, не е во состојба вистински да ги издвои и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+