Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 114-115 | година  | јули-август, 2017



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 114-115јули-август, 2017
Критика

ВЛАДА УРОШЕВИЌ И НАДРЕАЛИЗМОТ

/5
стр. 1
Лидија Капушевска-Дракулевска

_______________________________________________________________________

ВЛАДА УРОШЕВИЌ И НАДРЕАЛИЗМОТ

    Влада Урошевиќ (1934) е еден од најреномираните современи македонски автори. Поетички, неговиот дискурс се доведува во врска со наследството на европската авангарда, со чии искуства тој, несомнено, пројавува длабока сродност. Во поезијата е претставник на генерацијата македонски поети која на книжевен план се јавува по Втората светска војна, онаа најинвентивната во поглед на поетскиот јазик и израз. Генерација која трајно ја определи физиономијата на македонската поезија како „европска појава“.
    Во досегашното шестдецениско перманентно присуство на македонската книжевна сцена, освен како поет, Урошевиќ, со подеднаков успех, се остварува и како: романсиер, раскажувач, препејувач, антологичар, патописец, есеист, книжевен и ликовен критичар. И во секоја од споменатите сфери успева да понуди нова, возбудлива, впечатлива и непредвидлива авантура. На мисловен план, делото на овој автор крие палимпсестни траги од древните културни (пред сè митски) слоеви (видливи во расказот и романот), потем, матрици (звуковни перцепции) од некои магиски зборовни формули (доминантни во поетското писмо), сè до некои симболи со архетипско значење во јунговска смисла на зборот (особено присутни во книжевната критика и есеистика, но и во поезијата и во прозата). Делото на Урошевиќ интелектуално кореспондира и со некои други уметнички (сликарство) и вонуметнички, пред сè научни (археологија, астрономија, физика, психоанализа), но и псевдонаучни сфери (езотерични учења), а како константна опсесија на духовен план треба да се спомене и дијалогот со други писма (од Гилгамеш до Борхес), како и „изборот по сродност“ со цела една плејада книжевни претходници кои минале низ неговата преведувачка лабораторија (Жерар де Нервал, Шарл Бодлер, Артур Рембо, Гијом Аполинер, Блез Сандрар, Пол Елијар, Андре Бретон, Анри Мишо, Ален Боске…).
    Како човек од перо, Влада Урошевиќ е еден нестивнат дух со огромна моќ да проникне зад појавното, да зачекори отаде возможното и, кажано со речникот на еден Вилијам Блејк, „да ги отвори вратите на перцепцијата“ кон некои нови и непознати светови; дури и во добро познатата реалност „овде“ и „сега“ да открие некаква магија и некоја таинствена, несекојдневна убавина. Така стигнува, меѓу другото, и до портите на надреализмот.
    „Надреализмот е моја голема љубов“ – изјавува Влада Урошевиќ во книгата разговори со мошне инвентивниот млад писател, критичар, преведувач и компаратист – Владимир Јанковски – Огледало за загатката (2003) и додава: „Надреализмот беше една голема школа за мене. (…) Токму поради тоа што ме научи да ја гледам магијата на секојдневието, како што велеа надреалистите т.е. да го откривам чудото на животот околу себе во секој миг на живеењето. Мислам дека е






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+