Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 20 | година IV | април-мај, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 20април-мај, 2001
Поезија

Молитва

/7
стр. 3
Гане Тодоровски

На овој мал и студен век
Еден човек
Звукот на душата
Пишување песна
Кон македонскиот творец
Послание до сараевскиот летописец Изет Сарајлиќ
Молитва

_______________________________________________________________________

Звукот на душата

    (За окарината на Михаил Ренџов)

Ќе го подземеме патот под нозе
Со таква сигурност, неоти
Ќе талкаме со денови
Накај најблискиот Вавилон -
И некаде на полпат во далечината
Ќе се подзапреме, бидејќи
Ќе треба да се вслушаме
Во звуците на волшебницата – окарината…

Во чиј ли ум е родено,
Од чии прсти ли е стокмено
Тоа ништотно парченце глина,
Таа чудесија окарина,
Јајчеста,
Валчеста,
Ковчеста,
Со десет дупчиња
За десет тонски скали,
Зад кои потајум ѕиркаат
Вечно будните звуци
На неотклучената милновина,
Низ која душата се слуша
Како шуми ли шуми…

Надуј ги белите дробови
Епископу брегалничко-нерешки (на зборот)
Да ти ја слушнам душата, бидејќи
Јас пак и пак и пак
Ќе доталкам на полноќ
Пругоре по мојата Пчиња,
Од Кожле ќе се искачам
До Прохор Пчински пешки,
По козји врвици ќе акам,
Низ трње ќе се провирам

Сè до кај чардаците на изгрејсонцето
Асномско -
За да ти ја слушнам песната
Што остана да лебдее
Во воздухот покрај манастирот,
Раздобена во звучни интервали
И растреперена
Неоти несфатена вина,
Таму,
Во дворјето и во конаците,
Другар галидуша,
Господине, господине, господине
Со окарина.


(Прохор Пчински, листокап 1989)






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 88 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%

НОВИ КНИГИ:
thumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumbthumb


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+