Блесок бр.02 | година I | април-мај, 1998

left_nav
за Блесок
  › кредо
  › контакт
  › услуги
   ▪ веб.дизајн
   ▪ dtp/pre-press
   ▪ превод
е-продавница
 ₪ е-продавница

проекти
  ◌ М@Па
  ◌ Babylonia

издаваштво
₪ е-книги
₪ cd-rom-ови
₪ печатени книги

соопштенија за јавноста
промоции
едиција ЕваТас



SLOVOKULT.DE

BALKANI

OKF
Submit search form

 


New Page 1

Блесок бр. 02, април-мај, 1998
Поезија

Охридска поема

Душко Наневски

Предание за каменот
Заум
Средба со самовила
Женидба на Сонцето
Легенда за Чинарот
Оган над Канео
Предание за душата
Сончево семе
Предание за дождот

_________________________________________________________

Женидба на Сонцето

Изгрева младо сонце. Езерото ја буди
светлината на душата.
Лош човек и на сонцето ќе му најде мана,
ќе рече барем – не свети ноќе.
Но овде луѓето од дамнина се плашат
од женидба на сонцето:
кој ќе ја издржи таа жега? Тој пекол,
кога ќе се родат илјадници нови сонца?
Кога водата во езерото ќе проклуча?
Сум мислел за таа легенда во овој град,
каде некогаш испловиле Аргонаутите,
Со музеи и икони постари од Лувр,
каде и ластовиците се пречекуваат со мартинки.
Во овој век – раскрсница без патокази,
опасно е да се игра играчка со сонца,
да се следи пат на некој безумник
што не чул за клучевите од езерото.
Овој предел е како одење низ бајка,
од една до друга тајна врата.

Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 20 се наоѓаат на мултимедијалниот CD-ROM „М@Па“. Повеќе информации за „М@Па“: тука.

За нарачки за територијата на Р. Македонија, притиснете овде [550 мкд]

За нарачки за странство, притиснете овде [20 €].

Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 50 се достапни на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!

веб.дизајн
english version
New Page 1 New Page 1
избери издание:
ad_120x600
нови книги:





 
[разменети банери]

 

креирано од

изданија на Блесок: 01 02 03 04 05 06 07 08 09 10-11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 
26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 
50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61-62 63 64 65 66 67-68 69 70 71-73 

© Блесок 1998-2010, сите права се задржани.