Блесок бр. 28, септември-октомври, 2002
Галерија Осврти |
Постмодернизмот во македонскиот филм – II дел
/7 стр. 2 |
обработка на други филмови што му претходат или го опкружуваат индивидуалното дело. Не постои нешто како што е оригиналност или прво дело: сета уметност е интертекстуална. Постмодернизмот упатува на тоа дека нема веќе што да се раскажува освен да се истражуваат веќе постојните приказни. Полижанровското испреплетување на македонските постмодернистички филмови е во функција на воспоставување врски со целиот, не само филмски, уметнички универзум. Македонскиот постмодернистички филм се повикува и на општи жанровски модели, но и на конкретни – режисери, авторски писма, филмови, па дури и посебни секвенци од филмови. Во таа смисла, постмодерниот филм не настојува да се издвои од мноштвото филмови и да го наметне своето раскажување како надмоќна претстава на бесконечното и неможното. Повикувањето на другите уметнички дела е признавање на ограничените можности на секое уметничко дело. Овие филмови честопати и намерно го оставаат чувството на несовршеност, незашиеност, шлифот меѓу различните естетски обрасци присутни во нив, со што сакаат да укажат и на материјалниот и на духовниот аспект, начинот на кој настанува едно филмско дело. Интертекстуалната врска се остварува преку техниката на цитатот.
Цитатот е пренесување и преместување на елементи, потструктури или целини од едно уметничко, или вонуметничко, во уметничкото дело што се создава. Според Мишко Шуваковиќ (1995:24), во авангардата цитирањето се применува во формална, деструктивна и антинаративна функција на разорувањето на органската целокупност на уметничкото дело и оригиналноста на творечкиот чин. Во постмодернизмот, цитатот се употребува како израз на идејата дека оригинален и изворен текст нема, туку дека постојат само трансформации и преместувања на постојните јазички творби (цитати на цитатите, трансфигурација, јазички траги). Отфрлајќи ги субјективистичките стратегии, кои сметаат на изразување на авторовата оригиналност, постмодернизмот создава уметност од игра на цитати, отворени имитирања, заемки и варијанти на туѓи теми. Во „Ангели на отпад“ е присутна врската со неореалистичкиот филм, преку цитатите од Де Сика и Фелини, легендарната сцена со бродот; во „Џипси меџик“ и директно се цитираат популарните индиски филмови; во „Маклабас“ му се прави своевиден омаж на поп-артизмот; во „Светло сиво“ се цитираат познатите филмови на Серџо Леоне; а во „Збогум на 20 век“ цитацијата е многукратна: „Лудиот Макс“, „101 далматинец“, „Петтиот елемент“, „Бетмен“, филмовите на Манаки, партизанските филмови.
Автореференцијалноста означува посебна метатекстуална ситуација во која авторот и неговата поетика станале предмет на сопствениот текст. Така во „Маклабас“ Ацо Станковски ги рециклира своите претходни дела, своите претходни постапки од другите медиуми -сликарството, литературата, фотографиите, инсталациите, интелектуалните преокупации и тези многупати искажани во
![]() | ![]() |
Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.
Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10-11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61-62 63 64 65 66 67-68 69 70 71-73 74 75 76 77-79 80-81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 101-102 103-104 105 106 107 108-109 110 111 112 113 114-115 116 117 118